Search

Битиќи: Гарантираме силна домашна економија за европска Македонија

Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи претставувајќи ја програмата на СДСМ за претстојните избори, истакна дека економскиот дел од Програмата ќе се базира на четири цврсти столба – Човечки капитал, висока продуктивност, конкурентност и иновативност.

„Во Програмата СДСМ ветува 1.100 евра просечна плата, 600 евра минимална плата, 0% данок на личен доход за минимална плата, Невработеност најмала во историјата од 7%, како и 180 милиони евра поддршка за домашните компании, 3,5 милијарди евра инвестиции.

Во делот на Енергетиката се СДСМ се обврзува на Домашно производство од гас, чисти и обновливи извори, Стоп за нови фосилни технологии и забрана за изградба на нови мали хидроелектрани. Силна домашна економија за европска Македонија!“ наведува Битиќи

Треба да знаете
Последни објави