Search

Уште една автобуска несреќа во Германија, над 20 повредени

Автобуска несреќа во која повеќе од 20 лица се повредени во четвртокот вечерта во покраината Северна Рајна Вестфалија се случила затоа што на возачот можеби му се слошило, соопшти германската полиција.

Автобус кој превезувал група ученици од средно стручно училиште излетал од патот и се превртел на враќање од патување во Англија.

Тоа беше втора автобуска несреќа во Германија за само два дена.

Автобусот во петокот наутро бил отстранет од местото на несреќата, а автопатот А44 каде се случила несреќата е повторно отворен, соопшти полицијата.

Автобусот со 60 патници очигледно свртел десно од автопатот А44, удрил во ограда и паднал во насип и се превртел. Во сообраќајката не учествувале други возила, соопштија од полицијата.

Во незгодата возачот наводно не се здобил со надворешни повреди, иако шофершајбната на автобусот е уништена. Немаше знаци на употреба на алкохол или дрога, изјави портпаролот на полицијата.

Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.

Треба да знаете
Последни објави