Search

Папата на мисата за Велики петок пристигна во инвалидска количка

Папата Франциск ја предводеше Великипеточната миса во базиликата Свети Петар, во пресрет на ноќната поворка на Станиците на Крстот во римскиот Колосеум.

87-годишниот папа, кој има респираторни проблеми и тешкотии во движењето, пристигна на мисата на Велики петок во инвалидска количка и им се придружи на кардиналите и епископите во служба на Страдањата Господови.

Претходните години папата Франциск ја започнуваше церемонијата со легнување на мермерниот под на базиликата, но неговата физичка состојба повеќе не му дозволува тоа.

Наместо тоа, тој тивко се молеше пред олтарот од неговата инвалидска количка.

Страдањата Господови содржат песни на латински за настаните од апсењето на Исус до неговото погребување, а тоа е една од ретките богослужби во кои Папата не држи проповед, туку проповедник на Папскиот дом.

Франциск ќе го предводи и Велигденското бдение на Велика Сабота, а потоа во недела ќе ја предводи велигденската миса и ќе ја прочита својата порака и благослов „Urbi et Orbi“ (Кон градот и светот), што Папата го прави двапати годишно од централен балкон на плоштадот Свети Петар.


Треба да знаете
Последни објави