Search

Зијадин Села ќе биде носител на листата на „Европскиот фронт“ во петтата изборна единица

Зијадин Села од Алијанса за Албанците (АА) ќе биде носител на пратеничката листа во петтата изборна единица како дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Ова денеска го соопштил лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по потпишувањето на коалицискиот договор со Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија.

Крилото на Села во Алијанса за Албанците вчера и официјално донесе одлука за заеднички настап со ДУИ на претстојните парламентарни избори во рамки на коалицијата „Европски фронт“.

Одлуката за коалицирање со ДУИ, како што изјави вчера Села, е донесена со мнозинство гласови на Централното собрание на партијата.

Официјализирањето на соработката, односно потпишувањето на договорот за коалицирање на ДУИ со крилото на Села од Алијанса за Албанците, според најавите, ќе се случи утревечер во Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави