Search

Ердоган планира посета на САД, ќе се сретне со Бајден

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да ги посети САД на 9 мај, соопшти денеска претставник од кабинетот на претседателот.

Се очекува Ердоган да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, рече претставникот.

Ова ќе биде прва средба во Вашингтон меѓу Ердоган и Бајден откако Бајден победи на претседателските избори во 2020 година.

Планираната средба доаѓа по договорот на САД за продажба на 40 борбени авиони Ф-16 на Турција. Американците дадоа зелено светло дури откако Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО алијансата.

Двата сојузници на НАТО допрва треба да се договорат за голем број спорни прашања, вклучувајќи ја и американската поддршка за сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористи.

Треба да знаете
Последни објави