Search

Додик: Независноста на Српска станува сé поверојатна

Независноста на Српска станува се поверојатна затоа што муслиманите ја урнаа Дејтонската Босна и Херцеговина и ја напуштија уставната рамка, вели претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Тој на социјалната мрежа Х напиша дека следните месеци ќе бидат клучни, а Српска ќе ја зачува независноста и ќе зајакне.

-Оние кои се радуваат поради притисоците и уцените, на крајот ќе ги трпат последиците од тоа што се согласиле да бидат поданици и послушни, а не рамноправни претставници на народот – рече Додик.

Тој посочува дека меѓу Бошњаците нема ниту еден сериозен лидер кој е подготвен да се ослободи од послушноста и подметнувањето со странците, бидејќи сметаат дека тоа ќе им наштети на Србите.

-Тоа е сржта на сите проблеми во функционирањето на Босна и Херцеговина. Бошњаците мора да разберат дека единствениот начин на кој БиХ може да напредува е преку дијалог со Србите и Хрватите. Се друго е трајна криза за БиХ, од која нема излез. Српска си го знае патот. Подготвени сме да ја зачуваме Дејтонската, уставна, независна Босна и Херцеговина, но не мора – рече Додик.

Треба да знаете
Последни објави