Search

Ројтерс: СВИФТ планира да создаде платформа за дигитални валути на централните банки

Меѓународната банкарска мрежа СВИФТ планира да создаде нова платформа за дигитални валути на централните банки (CBDC) во следната година или две, пишува Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори.

Во моментов, околу 90 отсто од централните банки воведоа свои дигитални валути или ја истражуваат можноста. Според Ројтерс, директорот за иновации на СВИФТT Ник Кериган изјави дека платформата за дигитални валути веќе е успешно тестирана.

Тестовите беа спроведени во текот на 6 месеци и во нив учествуваа 38 централни и деловни банки. Зголемената популарност на криптовалутите, особено Биткоинот, доведе до тоа многу светски централни банки да почнат да развиваат свои дигитални валути.

Треба да знаете
Последни објави