Search

(ВИДЕО) Исламската држава објави видео за кое тврди дека е снимка од нападот во Москва

Терористичката организација Исламска држава објави видео за кое тврди дека е снимка од нападот на трговскиот центар Крокус Сити во Москва.

На видеото кое трае минута и пол се гледа како терористите отвораат оган врз цивили со автоматско оружје.

Видео материјалот подолу е скратен, а во него не се прикажани најкрвавите моменти од нападот.

Видеото кое со молскавична брзина се прошири низ социјалните мрежи, најверојатно првично го објави агенцијата Amaq, „официјалните медиуми“ на терористите на Исламската држава.

Во петокот Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во кој загинаа 133 лица, а повеќе од 140 беа повредени.

Треба да знаете
Последни објави