Search

(Фото) Изложбата на оружје, борбени системи и опрема на АРМ измами голем број посетители на плоштадот во Охрид

Припадници на Армијата на Македонија денеска на Градскиот плоштад во Охрид, по повод 75-годишнината од формирањето на НАТО и 4-годишнината од членството на Македонија во Алијансата, на 27 март 2020 година станавме 30. членка на Алијансата, имаа отворен ден за дружба и презентација на вооружувањето како и вештините пред граѓаните. Присутните граѓани, а ги имаше во голем број, имаа можност одблизу да видат дел вооружувањето, борбени системи, воена опрема и технички средства. Најљубопитни беа најмладите кои ја користеа и секоја можност да се фотографираат покрај изложените борбени системи, воената опрема и техничките средства. Настанот почна со показна вежба во водите на Охридско Езеро кај пристаништето предвидена како препад на пловен објект реализирана од страна на припадниците на Баталјонот на специјални сили. Во вежбата беше вклучен и хелихоптер на Ми 17 од составот на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.

Треба да знаете
Последни објави