Search

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ и Пендаровски се победници на изборите

За сите нас како граѓани, изборот е помеѓу надеж и просперитетна иднина со СДСМ или безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО-ДПМНЕ, порача во обраќањето на Конгресот на партијата, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

„Затоа, ве повикувам, на претстојните избори, да го поддржиме Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија, да го поддржиме СДСМ“ повика Ковачевски по што следуваа овации од присутните делегати на Конгресот.

„Стево Пендаровски е победничкиот кандидат на изборите, кандидат кој има јасна визија за нашата држава“ рече Ковачевски и повика на поддршка со порака „Нема откажување од иднината“.

Треба да знаете
Последни објави