Search

Маск најави имплант кој ќе им овозможи на слепите луѓе да гледаат

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека неговата биотехнолошка компанија „Неурлинк“ ќе инсталира имплант во човечкиот мозок, кој е дизајниран како алатка која ќе им овозможи на слепите луѓе да гледаат.

„Blindsight“ е следниот проект на „Неуралинка“ по „Телепатија“. Веруваме дека можеме да го вратиме видот дури и на оние кои се родени слепи и никогаш не гледале“, напиша Маск на својата социјална мрежа „Х“.

Според него, имплантот веќе се тестира на мајмуни.

„Резолуцијата може да биде ниска на почетокот, како на првите конзоли на Нинтендо, но на крајот може да достигне ниво на нормална човечка визија“, рече Маск.

Тој исто така прецизираше дека мајмуните не биле повредени за време на експериментот.

Претходно, Маск објави дека неговата биотехнолошка компанија „Неуралинк“ за прв пат успешно вградила чип во човечки мозок, тврдејќи дека на лицето му оди добро по операцијата. Компанијата се надева дека ќе создаде интерфејс кој ќе им овозможи на луѓето да ги контролираат уредите користејќи го само нивниот мозок.

Треба да знаете
Последни објави