Search

Израелците тврдат дека убиле уште 50 милитанти во близина на болницата во Газа

Во продолжението на офанзивата на израелската армија врз болницата Ал Шифа во градот Газа, загинаа уште педесетина милитанти, соопшти  израелската армија.

Израелските сили објавија и дека пронашле складишта за оружје. Цивилите, пациентите и лекарите не се повредени, а медицинската опрема не е оштетена, тврдат од армијата.

Израелските сили упаднаа во најголемата болница во Појасот Газа во понеделникот рано наутро во напад врз Хамас и неговата инфраструктура. Во операцијата досега се убиени двајца израелски војници, а приведени се околу 160 осомничени.

Треба да знаете
Последни објави