Тинејџери ограбиле банка во Тексас

Полицијата во Тексас вчера уапси тројца малолетници (на 11, 12 и 16 години) кои минатата недела ограбија банка во Хјустон. „Сите тројца осомничени познати како „Малите никаквеци“ се уапсени. Тие се обвинети за грабеж со закана“, напиша ФБИ Хјустон на социјалните мрежи.

Бидејќи се малолетни, нивниот идентитет не се соопштува. На 14 март, ФБИ сподели фотографија од осомничените на Х, велејќи дека тие ограбиле Велс Фарго и ја напуштиле банката пеш. На фотографиите се гледаат момчињата во банка, пишува ЦБС њуз.

Грабежот се случил нешто по 15 часот по локално време. Претставници на ФБИ изјавија дека малолетниците им се заканувале на вработените во банката, а сведоците велат дека не ги виделе како држат оружје. Засега не се знае точно колку пари украле момчињата од банката.

Треба да знаете
Последни објави