Search

Сведоштво на млад човек: Два часа откако му се обратив за помош, претседателот Пендаровски ми помогна со плаќање на школарината

Испровоциран од последните препукувања за тоа кој од функционерите ја донирал разликата од покачувањето од 78% младиот Душан Хаџи Василев од Радовиш на социјалните мрежи излезе со свое сведоштво. 

Тој сподели како претседателот на државата Стево Пендаровски му помогнал да оствари една важна цел, а помошта, како што вели тој, стигнала по само неколку разменети пораки на Фејсбук.

„Гледајќи и слушајќи ги нападите спрема претседателот, не можам а да не кажам неколку реченици. Човек со големо срце, којшто помага секому, секаде и подава рака за помош на секој еден граѓанин на којшто му е потребна. Една од тие личности сум јас, кој со едно пишување преку порака на неговата фејсбук страница, веднаш, во рок од 2 часа, лично тој ме исконтактира и ми помогна со половина од школарината за Академијата за програмирање на којашто сум запишан“ пишува Хаџи Василев.

Треба да знаете
Последни објави