Пакистан: 12 лица загинаа во експлозија во рудник

Во експлозија на метан во рудник за јаглен во југозападен Пакистан, загинаа 12 рудари, а осуммина беа спасени, објавија официјални лица.

Главниот инспектор за рудници во пакистанската провинција Белучистан, Абдул Гани Балоч, изјави дека операцијата за спасување е завршена.

Тој изјави дека спасените рудари се префрлени во болница по експлозијата што се случила во текот на ноќта, јавуваат агенциите.

Претставници на синдикатот претходно изјавија дека работниците во рудникот се жалат на недостиг на заштитна опрема и лошите услови за работа кои се клучни причини за честите несреќи.

Треба да знаете
Последни објави