Испровоциран од последните препукувања за тоа кој од функционерите ја донирал разликата од покачувањето од 78% младиот Душан Хаџи Василев од Радовиш на социјалните мрежи излезе со свое сведоштво.
Тој сподели како претседателот на државата Стево Пендаровски му помогнал да оствари една важна цел, а помошта, како што вели тој, стигнала по само неколку разменети пораки на Фејсбук.
„Гледајќи и слушајќи ги нападите спрема претседателот, не можам а да не кажам неколку реченици. Човек со големо срце, којшто помага секому, секаде и подава рака за помош на секој еден граѓанин на којшто му е потребна. Една од тие личности сум јас, кој со едно пишување преку порака на неговата фејсбук страница, веднаш, во рок од 2 часа, лично тој ме исконтактира и ми помогна со половина од школарината за Академијата за програмирање на којашто сум запишан“ пишува Хаџи Василев.