OnePlus го потврди датумот на лансирање на новиот мобилен телефон

ONEPLUS официјално ќе го лансира својот мобилен телефон Ace 3V на 21 март. Официјалните фотографии и видеа потврдуваат дека телефонот ќе има двојни камери на задната страна, рамен екран и страни, како и дека ќе биде достапен во сива и виолетова боја со сјајна завршница налик на стакло.

Потврдена е помоќна батерија
Се вели дека OnePlus Ace 3V е првиот телефон со чипсет Snapdragon 7+ Gen 3 и ќе има до 16 GB RAM и 512 GB простор, во зависност од моделот што ќе го изберете.

Претседателот на брендот за кинескиот пазар изјави и дека батеријата ќе биде помоќна отколку на OnePlus 12. Станува збор за батерија од 5500 mAh, пишува GSM Arena.

На дното на телефонот има простор за стерео звучник, USB-C порта, микрофон и фиока за SIM картичка. Се уште не е познато дали ќе има 3,5 милиметарски аудио приклучок на врвот. Имено, оваа функција не беше присутна на OnePlus уредите од средна и премиум класа во поголемиот дел од изминатите години.

Извор: index.hr

Треба да знаете
Последни објави