Search

Сé повеќе луѓе сметаат дека на новото видео не е Кејт Мидлтон туку нејзината двојничка

Странските медиуми пишуваат дека принцезата од Велс била видена како „здрава, среќна и опуштена“ купува со принцот Вилијам во локална продавница во Виндзор. Многумина, сепак, тврдат дека во видеото кое со ентузијазам го дочекаа фановите на британското кралско семејство, не е таа, туку нејзина копија.

Хајди Иган на Инстаграм има профил „Kate Middleton lookalike”, а многумина веруваат дека Кенсингтонската палата се уште крие што се случува со принцезата, која не е видена во јавноста од декември минатата година, па веруваат дека тоа е Хајди во видео од продавницата.

„Изгледајќи неверојатно среќна, принцезата беше видена во јавноста во саботата додека му се придружи на својот сопруг на шопинг во близина на нивниот дом во Аделаида во Виндзор“, изјави извор за TMZ.

Сепак, ова видео на принцезата не убеди многумина дека со Кејт Мидлтон навистина се е во ред.

За видеото постојат различни теории, а на социјалните мрежи се прошири гласина дека не се работи за „вистинската“ Кејт, туку за нејзината двојничка Хајди Иган.

На нејзиниот Инстаграм профил веќе се појавија коментари на скептиците.

„Колку ти платија за да бидеш во таа продавница? еден корисник на Инстаграм ја праша, додека друг искоментира: „Зошто нè лаже британскиот двор?

„Ако погледнете внимателно, ќе видите дека не е таа. Таа има сосема различни образи и цело лице. А таа не е ни градена како Кејт“, гласи друг коментар на X.

Некои теоретичари на заговор, пак, отидоа чекор подалеку и тврдат дека не се работи за Кејт или Вилијам, туку дека видеото е создадено од вештачка интелигенција.

Треба да знаете
Последни објави