Search

Почина момчето на една од најдобрите тенисерки во светот!

Ненадејна смрт на поранешниот белорускиот хокеар Константин Колцов ја потресе спортската јавност, а најголем шок претрпе неговата девојка, тенисерката Арина Сабаленка. Поради оваа неочекувана трагедија, второрангираната тенисерка на ВТА-листата, мораше да го откаже настапот на Мастерсот во Мајами. Колцов за еден месец требаше да наполни 43 години. Сабаленка која е помлада 17 години од Колцов, беше во врска со поранешниот хокеар од 2021 година. Смртта го затече Колцов во Мајами, каде што дојде да ја бодри својата сакана. Во својата хокеарска кариера во НХЛ-лигата има играно заедно со легендите Марио Лемју и Сидни Кросби во дресот на Питсбург пингвинс. Со репрезентацијата на Белорусија настапи на две Зимски олимписки игри.

Треба да знаете
Последни објави