Search

Починало бебе во автомобилот кој излетал од патот помеѓу селата Босилово и Турново

Бебе кое било превезувало во патничко возило „фолксваген поло“ го загубило животот откако автомобилот со струмички регистарски ознаки излетал од патот на делницата помеѓу селата Босилово и Турново. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. -Вчера, околу 12.50 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 40-годишната В. Д. Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебето што било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицинскиот центар Струмица. Телесни повреди добиле В. Д. Т. и сопатничката С. Т. (49) од село Доброшинци, Струмичко. Полицијата соопшти дека увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Треба да знаете
Последни објави