Search

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица, Драган Ковачки, бил одбиен за безбедносен сертификат од НАТО?

Порталот А1он.мк добил допис од НАТО каде се истакнува дека актуелниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, не добил безбедносен сертификат од Алијансата.

Дописот до кој дошол порталот А1он покажува дека Ковачки поднел барање за ветинг во НАТО, со цел да биде проверено дали може да добие безбедносен сертификат, но по некое време, тој го повлекува првичното барање. Но, додека тој да го повлече барањето, службата веќе го обработува неговото барање, по што Ковачки добива негативен одговор.

Во изјава за А1он Ковачки ги демантира овие податоци и обвинува дека сето тоа било конструкција на министерките за одбрана, актуелната и претходната.

„Не, неточно е дека сум одбиен за НАТО серификат. Неточно е и дека сум го повлекол барањето за добивање на НАТО сертификат. Тоа е бледа конструкција на Шекерниска и Славјанка кои немаа друг начин да ме дискредитираат во јавност па преку свои канали во Брисел кодошеа и клеветеа, исто како што клеветеше и Ковачевски кој избега од судење и не се извини за изнесените лаги токму на темата. Впрочем, ако сум го повлекол барањето, како може да сум одбиен? Нека бидат мажи и нека извадат се’ што имаат исконструирано и добиено како одговор од НАТО за мене во јавност“, рече Ковачки за А1он.

Кој е Драган Ковачки?

Ковачки станува актуелен од пред неколку години кога се повлекува од висока офицерска позиција во АРМ и целосно се префла во политиката како член на ВМРО-ДПМНЕ.

Името на Ковачки се спомнуваше како можен технички министер во преодната влада во 2020 година, но можеби токму фактот што бил одбиен за безбедносен сертификат од НАТО, е причината што на негово место министер стана Наќе Чулев.

За претстојните избори, Ковачки речиси сигурно ќе ја предводи листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Третата изборна единица.

Треба да знаете
Последни објави