Search

Митрески организираше ифтарска вечера “

Претседателот на Собранието, Јован Митрески, во чест на светиот месец Рамазан, традиционално организираше Ифтарска вечера.

Тој изрази задоволство што во овие свети денови за припадниците на муслиманската вероисповед сите заедно ја споделуваме вербата во соживотот и меѓусебното почитување на различностите.

– Почитувањето на другиот, со сите форми на верување, живеење и изразување е предуслов за здраво општество, за толерантно меѓуетничко општество како што е нашето.  Само на овој начин, како што сме вечерва, со различна вероисповед, со различна политичка припадност и уверување, со различна етничка припадност, а повторно заедно, на иста маса и со заедничка желба за просперитетна и безбедна иднина, можеме да обезбедиме поубава и посветла иднина за нашите граѓани – им порача претседателот Митрески на присутните.

На Ифтарската вечера присуствуваа претседателот на Владата, Талат Џафери, претставници од верските заедници во државата, потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи во Собранието, генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, пратениците од муслиманска вероисповед.

Треба да знаете
Последни објави