Search

ДУИ и Движењето на народот потпишаа коалициски договор за претстојните избори

Претседателот на Демократската унија за интеграции (ДУИ) Али Ахмети и претседателот на Движењето на народот Скендер Реџепи Зејд денеска потпишаа коалициски договор за претстојните претседателски и парламентарни избори. Коалиција беше најавена како Европски фронт кој ќе биде пречка за „руското влијание во земјата“. Ахмети најави дека во тек се разговори и за приклучување и на ДПА на Мендух Тачи, на  Европска демократска партија (ЕДП) на Аријанит Хоџа, на крилото на Зијадин Села во Алијанса за Албанците и на партиите на Бошњаците, на Турците и на Ромите во Македонија, со што ДУИ за првпат излезе од албанскиот изборен формат.

Треба да знаете
Последни објави