Search

Јакимовски ја потврди кандидатурата за претседател пред ДИК

Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска во Државната изборна комисија ги предаде собраните 11.468 потписи за претседателски кандидат на претстојните избори.

Јакимовски упати благодарност до граѓаните кои ја потврдија неговата кандидатура за претседател и ги повика на претседателските избори да ја дадат својата поддршка за влез во вториот круг.

Тој порача дека очекува влез во вториот круг и најави фер изборна трка.

Треба да знаете
Последни објави