Search

Јакимовски се спореди со Трамп: Да умрам, не се повлекувам од изборната кампања

Да умрам нема да се повлечам од претседателската кампања, порача вечерва Стевчо Јакимовски на прес-конференција одржана откако тој се најде на „црната листа“ на САД.

„Ова е само потврда дека мојата политика е исправна и во одбрана на македонските национални интереси. Ме ставаат во ист кош со нивниот бисер и срам Катица Јанева која правеше истраги и ништо не најде за мене. Колку предлогот на кодошите од Македонија бил студиозен покажува фактот, што мртвиот маж на Катица Јанева е ставен на црната листа, може да видите колку таа одлука е паушална. Ниту сум ранел ниту сум школувал деца со арам пари“ рече Јакимовски.

Јакимовски најави дека ќе поднесе кривична пријава против непознато лице, за неговото додавање на црната листа и дека ова е директно мешање во изборниот процес а се се спореди со Доналд Трамп, но и со Виктор Орбан и Алекснадар Вучиќ, обвинувајќи ја „длабоката држава“ за тоа што тој се нашол на „црната листа“.

„Доналд Трамп има 113 кривични пријави, сценариото таму од длабоката држава е или да го оневозможи да учествува на изборите, да го стават во затвор или да го убијат. Истото сценарио се случува во Унгарија против Виктор Орбан против Вучиќ и против мене. Ова е директно мешање во внатрешните односи на Македонија во избор на претседател и тврдам дека не може никој да ни каже кој ќе ни ја води Македонија“ истакна Јакимовски.

Треба да знаете
Последни објави