Search

Дерала: Пораките во јавната комуникација упатуваат дека во земјата има две остро спротивставени политички групации

Изминатиот период, од почетокот на оваа година, го карактеризира дискредитирачки тон во јавната комуникација, исполнет со потпалувачка реторика и националистички наративи. Исто така, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи и голем број случаи во кој се препознава антизападна, проруска, анти-НАТО реторика, поткрепена со дезинформации и теории на заговор или, едноставно, со пренесување на медиумски содржини што се креирани од пропагандни центри дома и во странство, посочи Дерала.

Дерала се осврна јавната комуникација што се однесува до нападите за проевропската ориентација, и посочи дека тоа упатува на две остро спротивставени политички групации.

„Во јавната комуникација на Проевропската ориентација не се напаѓа директно, но пораките во јавната комуникација упатуваат дека во земјата има две остро спротивставени политички групации. Дел од политичките ентитети, иако не се секогаш директно насочени против евроатлантските интеграции на земјата, својата јасна антизападна ориентација ја манифестираат преку континуираните дискредитирачки наративи и ревизионизам на стратешки важните одлуки и процеси кои ја поддржуваат евроатлантската ориентација на државата“, рече Дерала. 

Извор: Цивилмедиа

Треба да знаете
Последни објави