Search

Дали е ова вистинската причина за разводот на Харис и Мелина Џиновиќ?

Веста за разводот на пејачот Харис Џиновиќ (72) и неговата 30 години помлада сопруга, модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, годинава ја изненади јавноста.

Откако Харис зборуваше за магазинот ИН за причините за колапсот на нивниот брак, протекоа нови информации.

Иако пејачот навести дека сопругата го изневерува, Харис, како што пишува српски Курир, тој имал лежерна врска со девојка која е 10 години помлада од Мелина и која најчесто ја гледал во својата вила, кога сопругата и децата не биле таму.

-Без разлика на годините на Харис, тој е голем заводник. Слушнав кога неодамна јавно алудираше дека се разведува затоа што тој како изневерен сопруг последен дознал, но не ми е јасно зошто не кажува дека и тој имал авантури за време на бракот. Жените со кои тајно се гледаше не беа многу репрезентативни за јавноста, но тој поминуваше време со нив. Со една беше во врска со месеци“, изјавил изворот за Курир

„Таа девојка е привлечна, сакаше да го слуша, а тој постојано ѝ се жалеше на Мелина. Замисли, ти доаѓа девојка и потоа разговараш со неа за жената и тоа е главната тема. Мелина за неговата врска дознала откако ги видела пораките во неговиот телефон, настанала тепачка, иако меѓу нив тогаш веќе имало затегнати односи“, додал изворот.

Харис се уште не ги коментирал овие наводи, а еве како претходно го коментираше разводот.

„Таа ја знае причината, ме остави, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично изневерениот сопруг последен дознава“, беа зборовите со кои Џиновиќ го прекина медиумскиот молк и проговори за првпат за причината за пропаѓањето на бракот со Мелина во март во магазинот ИН.

Харис и Мелина Џиновиќ се венчаа во 2014 година во Дубровник, по 11 години врска. Заедно имаат две деца, ќерката Џина и синот Кан.

Треба да знаете
Последни објави