(Видео)Во Турција приведени 12 лица по инцидентот на теренот во Трабзон меѓу навивачите и гостинските играчи од Фенербахче

Турските органи на прогонот приведоа 12 лица по хаосот кој настана синоќа на теренот по првенствениот натпревар од 30. коло во фудбалската суперлигашка конкуренција меѓу домашниот Трабзонспор и Фенербахче (2:3). -Против досега идентификувани 12 лица се поведени судски и административни постапки. Истрагата продолжува, напиша турскиот министер за внатрешни работи Али Ерликаја на социјалните мрежи. Навивачи на Трабзонспор од трибините се спуштија на теренот и физички ги нападнаа гостинските играчите на Фенербахче додека ја прославуваа побнедата. Судиите се обидоа да ги разделат навивачите и играчите кои се најдоа во физичка пресметка но неуспеваа, па откако безбедносната ситуација стана алармантна играчите на Фенербахче побегнаа кон соблекувалните додека кон нив летаа шишиња и други предмети. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, насилството на и надвор од теренот го нарече апсолутно неприфатливо.

Треба да знаете
Последни објави