Search

Ковачевски: „Таче“ е семеен прекар

Лидерот на СДСМ и експремиер Димитар Ковачевски во подкастот на телевизија Сител, објасни како го добил прекарот Таче. -Мојот дедо е Димитар, кого го викале Таки, но бидејќи бил мал по раст станал Таче нагалено. Тоа е семеен прекар – открива Ковачевски. Тој откри и дека неговиот син почнале да го викаат „мали“ Таче. -Син ми доаѓа и ми вели „абе тато излегувам од школо, оној докторот, што ти е на тебе пријател, ми вика кај си бе мали Таче, и праша што е тоа? Епа му велам тоа ти е, сега ќе бидеш мали Таче и после некое време ќе станеш Таче, и кога ќе добиеш син, тој ќе биде мали Таче – вели Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави