Search

Во Сирија 19 собирачи на тартуфи загинаа во експлозија на мина

Најмалку 19 лица, собирачи на тартуфи во сириската пустина, загинаа денеска откако нивното возило налета на мина во некогашното упориште на џихадистите на Исламската држава, соопшти денеска невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права.

Според организацијата, која е со седиште во Велика Британија и има огромна мрежа на извори во Сирија, 19 цивили, меѓу кои 12 жени, загинале во експлозија што се случила во пустината на провинцијата Рака во северна Сирија.

Во возилото имало повеќе од 20 лица, од кои многумина се повредени.

Исламската држава, која контролира големи делови од територијата во Сирија од 2014 година, беше поразена во март 2019 година во воените операции на меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД, сојузник со курдските сили.

Многу џихадисти потоа се повлекоа во сириската пустина, оставајќи зад себе бројни мини во областа.

Сириската пустина е позната по своите тартуфи, наводно меѓу најдобрите во светот.

Треба да знаете
Последни објави