Search

Силен земјотрес ја погоди Црна Гора

Силен земјотрес, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, утринава, околу четири часот, ја погоди Црна Гора, јави МИНА.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 32 километри северозападно од Никшиќ.

Земјотресот е регистриран во 4,06 часот, на длабочина од десет километри, а бил почувствуван низ цела Црна Гора.

Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска и Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави