Search

ЕК ќе предложи измени во програмата за да го смири гневот на земјоделците

Европската Комисија (ЕК) ќе предложи неколку измени во програмата за заедничка земјоделска политика, која на земјоделците им нуди субвенции во замена за исполнување на целите за животната средина, по протестите на земјоделците ширум Европа, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори. Се очекува дека Европската Комисија веќе во петок ќе даде предлози со цел дополнително да се намали административното оптоварување на земјоделците, да се обезбеди фер конкуренција и да се зајакне нивната позиција во синџирот на снабдување со храна. Овој план ќе биде клучна тема на состанокот на лидерите на ЕУ следната недела во Брисел.

Треба да знаете
Последни објави