Search

Ќе се намалат ли цените на производите? Донесен е Законот за забрана на нефер трговски практики

Собранието со 82 гласа „за“, денеска го донесе новиот Законот за забрана на нефер трговски практики.

Овој закон ги уредува условите и начинот на вршење трговија со земјоделски и прехранбени производи, а неговата крајна цел е да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи и на тој начин да се заштити стандардот на граѓаните.

„Законот се очекува да ги елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг. Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика“ велат од Министерството за економија.

Според ресорното министерство, законот треба да донесе позитивни ефекти во работењето на добавувачите, купувачите и сите други оператори во различните фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Со законското решение се определува и колку процентуално може да изнесува максималниот рабат кој маркетите може да го бараат од производителите и добавувачите, кои сега надминуваат над 30-40 отсто од цената, а Министерството за економија подготви список со над 2.600 прозиводи, кој ќе имаат ограничена маржа до 10 %, но пред да стапи на сила треба да добие зелено светло од Стопанската комора и Организацијата на потрошувачи.

„Предвидена е листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10 отсто и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе синџирите на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените. За непочитување на законските одредби, засега во предлог-решението се предвидени глоби до 20.000 евра“ се наведува во соопштението на Министерството за економија.

Вицпремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи ова е ново законско решение што досега го немало во нашата држава а истото е изогтвено според директивите на ЕУ.

„Наспроти се што се случуваше во изминатиот период, кога нема нарушување на вредносниот ланец, ланецот на набавка, дека стопанствениците знаат да бидат општествено одговорни и да не прават притисок кон крајните корисници. Секако законот е системско решение, решение кое сме го немале, го нема никаде во Европа, е ново решение според ЕУ директивите и сметам дека конечно ќе значи правиот пат….“изјави Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави