Search

Шолц: Берлин нема да испраќа војници и оружје со долг дострел во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц повлече линија преку која нема да премине, велејќи дека Берлин нема да испраќа војници во Украина и нема да испраќа оружје со долг дострел на режимот во Киев.

Зборувајќи пред пратениците во Бундестагот, германската канцелар ја отфрли можноста германски војници да учествуваат во изборот на цели за украинските напади на територијата на Руската Федерација.

„Зборувам за донесување одлуки за тоа каде да се нишани, каде да се гаѓа и што да се погоди. Германските војници не треба да го прават тоа. Како канцелар, јас сум одговорен за спречување Германија да биде вовлечена во оваа војна“, рече Шолц.

Шолц рече дека Украина нема да добие „таурус“ дури и ако германски војници бидат ангажирани за нивна употреба надвор од границите на Украина, со оглед на тоа дека на украинските војници ќе им треба долго време да се обучуваат за употреба на германски ракети.

Имено, германскиот канцелар претходно експлицитно демантираше дека испратил ракети „таурус“ во Украина, бидејќи во тој случај само германски специјалисти би требало да управуваат со тоа оружје, а тоа би значело директно мешање на Берлин во руско-украинскиот конфликт.

Треба да знаете
Последни објави