Цистерна со плин се преврте во близина на Битола, има и повредени

Центарот за управување со кризи извести дека од Регионалниот ЦУК Битола добила вонредна информација за случена тешка сообраќајна несреќа во битолскиот регион

„Во 09.30 часот од страна на РЦУК Прилеп е известено за случена сообраќајна незгода во близина на с. Вашарејца – Битола. Превртена е цистерна со плин. Известени се ТППЕ Битола којашто прати 4 пожарникари со 1 ПП возило, а МВР Битола се веќе на терен. Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во клиничката болница во Битола од страна на Итна медицинска помош. За подигање на цистерната се чека механизација“ се наведува во соопштението од ЦУК.

Треба да знаете
Последни објави