Уапсени членовите на бандата која ограбуваше фудбалери во Мадрид

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила шест членови на банда специјализирана за ограбување на куќи на фудбалери во Мадрид и околината. Во соопштението на полицијата се вели дека групата ги избирала своите жртви откако ги проучувала фотографиите и видеата од домовите објавени на социјалните мрежи од играчи, членови на семејството и пријатели.

Не се соопштуваат имињата на фудбалерите кои биле на мета на разбојниците.

Полицијата соопшти дека бандата била одговорна за осум грабежи во последните две години во богатите станбени области на Мадрид.

Во една од кражбите минатиот мај, групата украла околу 500.000 евра во часовници и накит, кои потоа се обидела да ги продаде на црниот пазар, соопшти полицијата.

При апсењето полициските службеници одзеле десет рачни часовници, неколку парчиња накит, 3.300 евра во кеш и два пиштоли.

Треба да знаете
Последни објави