Двајца загинати и 26 повредени во експлозија на гас во ресторан во Кина

Најмалку две лица загинаа, а 26 се повредени во силна експлозија во ресторан во кинеската област Санхе, објавија државните медиуми.

Се претпоставува дека причина за експлозијата е истекување на гас.

Експлозијата се случила околу 8 часот по локално време кога многу луѓе оделе на работа, објави CCTV.

Како што се додава, експлозијата била „во стара станбена зона“, во областа Санхе.

На терен се испратени вкупно 154 пожарникари и 36 противпожарни возила. Пожарот е ставен под контрола, а операцијата за спасување е во тек, соопшти пожарникарската служба на градот Лангфанг.

Треба да знаете
Последни објави