Германија се приклучува на испорака на помош во Газа од воздух

Германија денеска најави дека ќе се приклучи на операцијата за доставување на очајно потребната хуманитарна помош во Газа, во која учествуваат повеќе земји, пренесува Франс прес.

Операцијата ја започна Јордан, а меѓу другите земји се приклучија и Франција и САД.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека нивниот тим ќе биде опремен со транспортни авиони Ц-130 Херкулес и дека испораките би можеле да започнат на крајот на оваа недела.

„На луѓето во Газа им недостасуваат најосновните потреби. Сакаме да го дадеме нашиот дел за да им обезбедиме пристап до храна и лекови“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

По инцидентот на 8 март кога паднаа големи пакети со помош и загинаа пет Палестинци, министерот рече дека точно е дека испораката со воздух не е безопасна, но дека екипажите се добро обучени и имаат големо искуство.

Треба да знаете
Последни објави