Search

Артета не заборави да го пофали својот соработник Кана за добрата анализа на пеналџиите од Порто

Голманот на англискиот лидер во премиерлигашаката фудбалска конкуренција Арсенал, Давид Раја со два одбранети два удари од белата точка е херојот за елиминацијата на Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тренерот на „топчиите“ Микел Артета, покрај Раја го истакнува и името на својот помошник Ињаки Кана кој ја направил добрата анализа за пеналџиите на португалскиот Порто, а Раја ја релаизирал.

– Нависитна сум многу среќен за овој успех, чекавме на ова 14 години. Ова е навистина предолго време за еден клуб како Арсенал. Ни беше многу тешко, но после 14 години се пласиравме во четвртфиналето. Моравме да „копаме“ за да го пронајдеме овој магичен момент за сите на стадионот. Атмосферата беше неверојатна, не сум доживеал ваква атмосфера на „Емирејтс“ како тренер, имаше страшна енергија на стадионот. Сите притискавме и на крајот дојдовме до тоа што сакавме. Има голема нервоза кога гледате пенали, сите знаеме дека се работи и за мала лотарија. Се подготвувавме за ова еден ден пред осминафиналето, па затоа големи заслуги одат и кон тренерот на голманите Ињаки. Навистина беше многу тешко да се игра против Порто, тие се многу компактен тим, се работи за навистина многу добра екипа – изјави Артета.

Треба да знаете
Последни објави