Search

Селекторот на Австрија пречкрта тројца репрезентативци од Рапид поради хомофобија

Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, пречкрта тројца репрезентативци поради хомофобија, за пријателскиот двомеч со Словачка (23 март) и Турција (26 март). Од списокот се мизбришани Марко Граул, Гвидо Бургсталер и Никлас Хедл, кои играат за екипата на Рапид Виена. Сите тројца биле снимени како скандираат хомофобични пораки по дербито со Австрија Виена. Токму поради ова отпаднаа од селекторскиот список за претстојните пријателски натпревари. -Ова е нешто што нема да го толерирам во тимот каде што сум тренер. Сè што се залагаме со репрезентацијата е на спротивниот крај, а тоа им го кажав на играчите по телефон, изјави Рангник. Изоставувањето на тројцата репрезентативци не значи дека играчите од редовите на Рапид се трајно исфрлени од државниот тим.

Треба да знаете
Последни објави