Search

Романскиот претседател Клаус Јоханис објави кандидатура за генерален секретар на НАТО

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска најави дека ќе се кандидира за функцијата генерален секретар на НАТО за да го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг на чело на таа организација. Засега фаворит за нов генерален секретар на Алијансата е холандскиот премиер Марк Руте. „Одлучив да се кандидирам за функцијата генерален секретар“, рече Јоханис во краткиот говор, нагласувајќи го своето искуство како претседател на Романија, источноевропска земја која е на чело на Атлантската алијанса од почетокот на руската инвазија на Украина. Тој рече дека е време Романија, членка на НАТО од 2004 година, да преземе уште поголеми одговорности со оглед на сегашниот безбедносен контекст. Јоханис (64) рече дека ова е „легитимна аспирација“ на неговата земја, која поминала низ „длабоки трансформации“ и може да придонесе за обликување на нова визија, против „сериозната и постојана руска закана“.

Треба да знаете
Последни објави