Search

Обвинителот Хур ги бранеше забелешките за лоша меморија на Бајден во Конгресот

Американскиот специјален обвинител Роберт Хур задолжен за истрагата за задржувањето на доверливи документи од страна на Бајден денеска пред Претставничкиот дом ги бранеше неговите контроверзни оценки за понекогаш несигурното сеќавање на американскиот претседател за да ја оправда неговата одлука да се откаже од неговото гонење. Специјалниот обвинител Роберт Хур препорача во извештајот во февруари случајот да се отфрли, велејќи дека поротата не може да осуди „старец со лоша меморија“. Од опкружувањето на претседателот оценија дека неговите изјави се „штетни“ и „непримерни“. „Собравме докази дека претседателот свесно криел доверливи документи по завршувањето на неговиот мандат како потпретседател (2009-2017 година), додека бил обичен граѓанин“, изјави Хур во две комисии на Претставничкиот дом со републиканско мнозинство. „Мојата оценка во извештајот за соодветноста на меморијата беше неопходна, точна и оправдана“, посочи тој. „Не го разубавив моето објаснување, ниту неправилно го оцрнив претседателот“, рече Хур. Хур беше назначен за специјален обвинител во јануари 2023 година, откако доверливи документи од неговото време како потпретседател беа откриени во декември 2022 и јануари 2023 година во резиденцијата на Бајден во Вилмингтон, Делавер и во неговата поранешна канцеларија. Документите се однесуваат на американската воена инволвираност во Авганистан.

Треба да знаете
Последни објави