Search

Кејт Мидлтон „фатена“ како го напушта замокот Виндзор со принцот Вилијам

Британските медиуми будно внимаваат на се што е поврзано со кралското семејство, па не е изненадување што не го пропуштија заминувањето на Кејт Мидлтон од замокот Виндзор. Папараците ја снимија во приватен автомобил, заедно со принцот Вилијам, кој се упати кон Вестминстерската опатија, а таа на приватен состанок.

Најновите фотографии на Кејт Мидлтон, на кои таа е сликана на задното седиште во приватен автомобил со принцот Вилијам, додека го напуштаат замокот Виндзор, ги објави Дејли Мејл.

И додека принцот од Велс се упати кон Вестминстерската опатија, на мисата за Денот на Комонвелтот, која се одржува попладнево, Кејт Мидлтон наводно отишла на однапред договорен приватен состанок, но не се знае за што се работи.

Принцезата од Велс беше фотографирана како гледа во далечината низ прозорецот на автомобилот додека Вилијам нешто читаше. Ова појавување на Кејт Мидлтон изненади многумина, откако беше најавено дека ќе се види во јавноста дури после Велигден.

Сепак, можеби сето тоа е изиграно со цел да се смират гласините и да се замолчат теориите на заговор кои се шират последниве денови и објавената фотографија на Кејт Мидлтон со нејзините деца, која беше отстранета од фотосервисот на најпознатите агенциите поради дигитална манипулација.

За сето ова, Кејт се извини преку социјалните мрежи, потврдувајќи дека сама ги уредувала фотографиите. Но, тоа навистина не и помогна, бидејќи сите се согласуваат дека целата ситуација се покажа како тотално фијаско на сметка на принцот и принцезата од Велс, особено откако палатата одби да објави оригинална фотографија.

Треба да знаете
Последни објави