Search

Брнабиќ нема да може да стане прв човек на Собранието во Србија !?

Техничката-премиерка на владата во заминување во Србија, Ана Брнабиќ нема да може да стане прв човек на Собранието, бидејќи за тоа има уставни пречки, изјави Танасије Маринковиќ, професор на Правниот факултет. Ако се случи тоа, според Маринковиќ државата може да влезе во потенцијална уставна криза. Маринковиќ изјави дека токму тоа е причината за денешното одложување на продолжението од конститутивната седница на српскиот парламент за 18 март. Предлогот за избор на премиерка Ана Брнабиќ за претседател на Собранието на Србија влезе во собраниска процедура, стои на веб-страницата на парламентот. Предлогот за претседател на парламентот да биде избрана Брнабиќ е доставен во Собранието во петокот на 8 март. -Тие разбраа дека се работи за лице за кое постои уставна пречка да биде кандидат“, рече Маринковиќ и појасни, дека членот 126 од Уставот на Србија јасно предвидува дека член на Владата не може истовремено да биде и пратеник. Премиерката истовремено не може да биде и пратеник, уште помалку да биде претседател на Собранието. Би морала итно да поднесе оставка од пратеничката функција“, рече Маринковиќ и потсети дека Брнабиќ тоа го направила во 2022 година. Министерката за правда на Србија, Маја Поповиќ денеска изјави дека не постои уставна пречка Ана Брнабиќ да биде предложена и избрана за претседател на Народното собрание.

Треба да знаете
Последни објави