Search

ФОТО/ВИДЕО: Од Скопје до Косово се вози само преку земјен планински пат

Откако утрово се преврте шлепер на патот Скопје – Граничен премин Блаце, сообраќајот во двата правца со часови е во прекин.

Луѓето кои заминуваат кон Косово или се враќаат во Скопје, се принудени да користат алтернативна делница, односно да излезат од патот, да возат неколку километри по земјен ридско планински пат и потоа повторно да се приклучат на главниот пат.

Читатели ни испратија фотографии и видео материјали а тоа како денеска се возеше кон и од Скопје во правец на косовската граница.

Но ако оние со патнички автомобили можат да си дозволат по овој пат, тоа не важи за камионите. Во видеото подолу се гледа огромна колона на товарни возила кои од косовска страна чекаат за влез во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави