Search

По осми пат во Скопје марш за женски права „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“

Со транспаренти на кои беа испишани пораки „Доста се кратат правата на жените ромки“, „За 0 девојки омажени под притисок“, „Платен домашен труд“… се одржа вечерва маршот за 8-ми Март на кој се испишаа осум црвени линии за правата на жените. Маршот за женски права годинава се одржа по осми пат под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“. Маршот започна на Плоштадот Скендербег во Скопје, продолжи кон Влада и заврши во паркот жена Борец. Осумте црвени линии кои ги подвлече маршот кој беше организиран од Платформата за родова еднаквост, денеска беа барања за неограничен пристап до безбеден и легален медицински абортус во секоја општина, еднаква плата за еднаква работа и еднакви плати меѓу мажите и жените, постапување со должно внимание на институции задолжени за превенирање и заштита од родово базирано насилство, трансформација на статусот на жените работнички во културата кои што се соочуваат со неизвесност во однос на нивниот работен статус со години наназад, 50 проценти застапеност на жените на позициите на моќ да стане реалност, систематско решение за пристап до платено породилно отсуство и боледување за жените земјоделки, акција за жените работнички и обезбедена грижа за нивните деца и борба против мито и корупција.

Треба да знаете
Последни објави