Search

И КАЖУВАМЕ ЗБОГУМ НА ЗИМАТA: Подгответе се за поинтензивни Атмосферски процеси, силен јужен ветер, невреме и високи температури!

Метео анализа на Славчо Попоски:

Вчера ги имавме првите поинтензивни Атмосферски процеси во Македонија за оваа сезона, па така особено поширокиот регион на Гевгелија беше зафатен од поизразено невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, како и со појава на грмежи. По невремето село Мрзенци беше побелено од градот. За жал пак, во село Негорци згасна еден млад живот поради удар на гром, оваа трагедија повеќе да не се повтори.

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Како што и претходно кажавме  и најавивме, пред нас е топол и релативно стабилен и сув викенд, иако локално можни се сосема слаби врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 15 степени, во централните  и југоисточните предели температурата ќе се искачи и до околу или близу 20 степени.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Сепак овој викенд ќе засилува јужниот ветер, што ќе биде најава за нова голема промена на времето од понеделник.

ВО ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК НОВ ДЛАБОК ЦИКЛОН И ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО КАЈ НАС: Во понеделник и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот ќе има нови обилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).

Локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме, а можна е и појава на град. Остануваат релативно високите температури и покрај очекуваната нестабилност и врнежи.

Судејќи според моменталните анализи, до крајот на март не очекуваме некое поголемо заладување на времето, што значи дека можеме да  и кажеме збогум на зимата. И доколку дојде до некој постуден продор од север, и тој не би бил многу изразен, туку минимален.

Во ваков случај, земјоделците  и овоштарите да бидат без гајле и да не се мислат, поради тоа што не постои никаква опасност од премрзнување на земјоделските култури и овошките кои се во фаза на цутење.

Треба да знаете
Последни објави