Search

Израел ќе дозволи Палестинците од Западниот Брег да дојдат во Ерусалим за Рамазан

Израел денеска соопшти дека ќе им дозволи на Палестинците од окупираниот Западен Брег да дојдат во Ерусалим и да се молат во џамијата Ал Акса за време на светиот муслимански месец на постот Рамазан. Палестинците од окупираната територија не можеа да го посетат Ерусалим поради ограничувањата на патувањата, што ги воведе Владата на Израел веднаш по нападот на Хамас на јужна израелска територија на 7 октомври, по што започна војната во Појасот Газа. Денешната вест ја потврди Одделот за координација на владините активности на териториите при Министерството за одбрана, задолжен за палестинските цивилни прашања. Сепак, не е кажано кои ограничувања ќе останат на сила.

Треба да знаете
Последни објави