Search

(Видео) Кошаркар на Оклахома колабира за време на тајм-аут

Кошаркарот на Оклахома сити, Бизмак Бијомбо се онесвести за време на натпреварот против Портланд. Центарот на Оклахома колабираше при еден тајм-аут во првото полувреме. Падна на грб, по што му беше укажана помош и предвреме заврши во соблекувалната. Ова беше петти натпревар за Бијомбо откако на 10 февруари пристигна во Оклахома. Кошаркарот од ДР Конго, Бијомбо (31) ја игра 13. сезона во НБА лигата.

Треба да знаете
Последни објави