Search

Синодот во работен состав замина за Белград, ќе има ли средби со руската црковна делегација?

Македонска црковна делегација од вечерва е во посета на Белград, дознава религија.мк.

Архиепископот Стефан и владиците Тимотеј, Петар и Климент (практично работниот состав на САС на МПЦ-ОА), попладнево околу 15.30 преку граничниот премин Табановце ја напуштиле Македонија и заминале на тајна посета во Блеград. Посетата е тајна, затоа што досега за нејзе нема официјално соопштение и детали за престојот.

Она што ја прави посетата исклучително важна е што таа се поклопува со посетата на шефот на руската црковна делегација Митрополитот Антониј и Николај Балашов, советник на Патријархот Кирил, кои веќе три дена се во Србија. Инфорациите на религија.мк велат дека не е исклучена средба на македонската црковна делегација и со претставници на Руската Православна Црква.

Дополнително симптоматично е што оваа посета на СПЦ доаѓа по одлуката на МПЦ-ОА да формира комисија за проучување на прашањето за автокефалноста на Православна црква на Украина.

Митрополитот Антониј и Балашов веќе имаа средби со српскиот патријарх Порфириј и со членови на Синодот на СПЦ.

Извор: Религија.мк

Треба да знаете
Последни објави